Кик боксерот Петре Велков пред неговото заминување за Абу Даби каде ќе учествува на Светското првенство во кик бокс, https://www.wako.sport/event-details/wako-world-championship, кое ќе се одржи од 21 до 30. 11 2025 година, беше гостин во кабинетот на градоначалникот на општина Василево Славе Андонов.
Фотографија и информација за средбата преку својот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24, објави градоначалникот Андонов.
Петре Велков ќе учествува на WAKO Kickboxing World Championship, кое ќе се одржи од 21 до 30 Ноември во Абу Даби. Нашиот претставник ќе се натпреварува во дисциплината Low Kick – 67 kg. Лично му посакав многу среќа, успешни борби и силен победнички дух. Веруваме во него и му посакуваме да се врати со одличен резултат! Петре Велков секогаш ќе ја има мојата подршка. Напред Пепи“, стои во објавата на Андонов.
Советот на општина Василево на последната одржана седница донесе одлука, односно позитивно одговори на барањето за спонзорство поднесено од кик бокс клубот К1 Арена – матичниот клуб на Велков, со што директно го помогна неговото учеството на ова Светско првенство.
Општина Василево континуирано во изминатиот период, во рамки на своите можности ги поддржува спортистите, спортските настани и активности со што најдиректно учествува во развојот и популаризацијата на спортот како една од областите кои придонесуваат за подобрување на квалитетот на животот на сите нејзини граѓани.
Кик боксерот Петре Велков гостин во кабинетот на градоначалникот Славе Андонов