Од вчера, ЈПКД „Турија“ од Василево започна со уредување на јавните површини покрај локалните патишта и селските улици. Според информацијата од комуналното претпријатие во текот на вчерашниот ден изврешено е косење на јавните површини покрај патиштата во Пиперево и Василево, а во текот на денешниот ден се работело на потегот с. Ангелци – с. Седларци. Оваа активност ќе продолжи и во наредните денови односно како што информираат од ЈПКД „Турија“ планирано е да бидат уредени јавните површини покрај локалните патишта во сите населени места на општина Василево.