На 26.05.2021 година (среда), во периодот од 09,00 до 14,00 часот, во просториите на ООУ „Гоце Делчев“ во Василево ќе се одржи акција на доброволно дарување крв.
Организаторите на акцијата: ОО на Црвен Крст Струмица, Заводот за трансфузиона медицина Струмица и општина Василево ги покануваат граѓаните на општина Василево да се вклучат во акцијата, да даруваат крв и на тој начин да помогнат во спасувањето на нечиј живот.
Акцијата ќе се одржи согласно важечките протоколи за заштита од Коронавирусот COVID-19.





