Вчера, во општина Василево, во околината на Брана Турија, се реализираше еколошката акција „Чисти ридови за сите“ во која активно се вклучија вработените во општина Василево и институциите и установите чиј оснивач е општината.
„Општина Василево масивно се приклучи на еко акцијата „ЧИСТИ РИДОВИ ЗА СИТЕ“, која се спроведе во ВАСИЛЕВО Брана Турија. Акцијата е повеќе од успешна и ветуваме дека ќе стане традиционална. За нашата МАЈКА ПРИРОДА!“, напиша на својот ФБ профил, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, https://www.facebook.com/vasilevo24 , кој лично учествуваше во акцијата.





