Меморијален турнир во мал фудбал, Петре Продански-2023, Добрашинци

Под покровителство на општина Василево, во населеното место Добрашинци се одржува меморијалниот турнир во мал фудбал Петре Продански – 2023 година. Турнирот е во чест на прерано починатиот жител на с. Добрашинци Петре Продански. Според информацијата од Организаторот, се натпреваруваат вкупно 16 екипи од струмичкиот и радовишкиот регион, поделени во четири натпреварувачки групи:
Група А: Авеллино бутик, Кико градба, Босилово, Трајче Градошорци
Група Б: Гостилница Баче,  Т.К. Сеќе, ФК Дрвош, Фото Орце Струмица
Група В: Васфил Сонце, Едрениково, Љута Иловица, Џингарски градба
Група Г: Фреихт Оне,  Рики мебел Конче, Ветерани, Такси Стево Доброшинци
Вкупниот награден фонд на Турнирот е 120 000 денари.
Натпреварите се играат на игралиштето во с. Добрашинци со почеток од 20,30 часот, но како што информира организаторот и во зависност од временските услови.  па најточните информации заинтересираните можат да ги следат на ФБ страната на Турнирот  https://www.facebook.com/turnirvomalfudbaldobroshinci
Турнирот, стартуваше на 26.06.2023 година, а финалето е планирано за 12.07.2023 година.

1 2

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail