Градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев, денес во улога на домаќин оствари средба со Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство во Владата на РСМакедонија, Трајан Димковски, дел од откупувачите и преработувачи на вишни и со претставници на Здружението на производители на вишни од Василево.
„Бербата на вишни е во полн ек. И во оваа гранка е важно да има соработка и договор помеѓу земјоделците, производителите на вишни и откупувачите.
Ги слушнавме и предлозите на земјоделците производители на вишни за начинот на годинешниот откуп на вишни и за откупната цена. Со цел да има непречен откуп на вишни, како ресорно министерство ќе организираме и заедничка средба со земјоделците и откупувачите. Земјоделците и откупувачите, мора да градат партнерски однос, што е важно за стабилен пласман на земјоделските производи. #МЗШВ и во следниот период ќе креира мерки за поддршка на примарното производство и на преработувачката индустрија, како две клучни алки за одржливо земјоделско производство“, напиша меѓу другото на својот ФБ профил министерот Димковски во врска со денешната средба и разговорите со производителите на вишни од општина Василево“
На средбата присуствуваше и раководителот на ПЕ на МЗШВ-Струмица, Василе Коцев.