Најдобриот полицаец во општина Василево на прием кај Градоначалникот

Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, вчера во својот кабинет го прими Мите Митрoв – најдобар полицаец   на општина Василево.

Според Договорот за соработка со синдикалната подружница при Независниот синдикат на полицијата, ПС Струмица, општина Василево презема обврска на полицаец од општина Василево кој по предлог на Комисија формирана од Независниот синдикат од ПС Струмица ќе биде прогласен за најдобар,  да му додели парична награда во висина од 18 000 денари.

За 2022 година тоа е полицаецот Мите Митров од населеното место Василево.

Градоначалникот на општина Василево честитајќи му го изборот на Митров, му посака наградата да му биде дополнителна мотивација за континуитет во залагањата за уште поуспешно спроведување на неговите секојдневни обврски во насока на подобрување на безбедноста на општина Василево и  неговата работа да биде стимул и за останатите негови колеги полицајци од општина Василево, кои заедно се одговорни за безбедноста на сите граѓани.

На средбата во кабинатот присуствуваше и претседателот на синдикалната подружница од Струмица, Миле Милески.

DSC_0525_1024x681

policaj

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail