Под покровителство на општина Василево, на 12.07 2025 година, во населеното место Пиперево, ќе започне Меморијалниот турнир во мал фудбал Ч’крче што се одржува во спомен на младиот Славе Стојанов- Ч4крче од ова населено место. Советот на општина Василево, на својата последна одржана седница, едногласно донесе одлука за финансиска поддршка на на овој Турнир во износ на 60 000 денари.
Според правилата од организаторот, пријавувањето трае до 11.07.2025, кога и ќе бидат формирани групите за натпревар. Право на учество имаат само екипи од Струмичкиот регион. Котизацијата е 4000 денари.
За сите дополнителни информации заинтересираните треба да се обратат на следниот телефонски број: 078/858-269. За најдобрите екипи и поединци обезбедени се награди и тоа за прво, второ, и трето место екипно како и за најдобар играч, најдобар стрелец и најдобар голман.
Натпреварите се играат на спортското игралиште во центарот на населеното место Пиперво.
На Петровден, во Пиперeво ќе започне Меморијалниот турнир во мал фудбал Ч’крче 2025
