Под покровителство на општина Василево, во населеното место Владевци, во деновите 26 и 27 август, ќе се одржи традиционалниот турнир во улична кошарка Street Basket, Владевци 2022. Натпреварите ќе се играат на кошаркарското игралиште во центарот на ова населено место.
„Општина Василево продолжува со подршка на сите спортски активности .Традиционално овој турнир ќе се одржи пред големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица“, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, најавувајќи го турнирот и воедно поканувајќи ги заинтрересираните екипи да го пројават своето учество.
Повеќе информации за овој турнир, може да се најдат на www.facebook.com/StreetBasket3x3Vladevci2022





