Нови подови во училиштето во Нова Маала

Во ООУ „Атанас Нивичански“, Нова Маала деновиве е обновен подот во пет училници, со што се оптимизирани условите во кои се одвива наставата.
Училиштето го посети градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, кој сподели фотографии од подновените училници и информација за обезбедените средства за оваа активност, која целосно е донација од Елком, Дени пром и Цоби-енд, општествено одговорни компании кои грижата за заедницата ја покажаа на овој практичен начин.
„Во тек е подобрување на условите за нашите најмлади! Во ООУ „Атанас Нивичански“ Нова Маала поставен е нов ламинат во пет училници, со што се обезбедува поудобна и поубава средина за учениците и наставниците. Благодарност до донаторите : ЕЛКОМ и ДЕНИ ПРОМ, ЦОБИ-ЕНД , ангажираноста на директорката Благица Валаска и целиот наставнички колегиум. Инвестираме во образованието – затоа што децата заслужуваат најдобро“, стои во ФБ објавата на градоначалникот Андонов, споделена на неговиот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24, со која изразува благодарност за донацијата.

 

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail