Нови училишни столчиња за ООУ „Атанас Нивичански“, Нова Маала

Општина Василево обезбеди 45 нови училишни столчиња за потребите на ООУ „Атанас Нивичански“, Нова Маала.
„Неделата ја почнавме на најдобар можен начин – со грижа за нашите најмлади и вложување во подобри услови за образование. Во ООУ „Атанас Нивичански“ Нова Маала, Општина Василево донираше нови ученички столчиња за две училници, со што значително се подобрува комфорноста и работната атмосфера на часовите. Дополнително, обезбеден е и нов клима уред“; стои во објавата на градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, дополнета со видео  од примопредавањето на столчињата.
Со одлука на Советот на општина Василево, на седницата од 28.11.2024 година, стилчињата и еден клима уред исто така обезбеден од општината , им се даваат на трајно користење на училиштето.
Вложувањето во образованието од страна на општината како што нагласува градоначалникот Андонов е процес чиј континуитет ќе продолжи и во иднина.
„Со цел поттикнување на спортот и здравите навики, училиштето доби и 10 нови фудбалски топки за наставата по физичко образование. Но тука не застануваме. Продолжуваме со континуирани инвестиции во образованието – секој чекор, колку и да изгледа мал, е вложување во подобра иднина за нашите деца, стои во ФБ објавата на градоначалникот Андонов https://www.facebook.com/vasilevo24.

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail