Синоќа во спортската сала на ООУ „Гоце Делчев“, учениците од ова училиште преку специјално подготвени кореографии со убав музичко сценски настап, во пријатна и весела атмосфера ја испратија старата и упатија убави желби за Новата година.
Посебна убавина на приредбата и даваше хуманитарниот карактер. Средствата собрани од продажба на влезниците се наменети за помош на сограѓанинот Орце Димитров од Сушево.
Градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, поздравувајќи ги присутните и учесниците изрази благодарност за нивната сплотеност, посветеност и успешна реализација на оваа како што рече „благородна иницијатива“.
„Во духот на празниците, исполнети со хуманост, солидарност и човечност, ООУ „Гоце Делчев“ – Василево успешно реализираше хуманитарна новогодишна приредба во спортската сала во Василево. Искрена благодарност до учениците, наставниците, родителите и сите кои дадоа свој придонес и со своето присуство ја поддржаа оваа благородна иницијатива. Заедно покажавме дека кога сме обединети, можеме да направиме голема разлика и да подадеме рака на оние на кои им е најпотребна. Нека ова хумано дело биде поттик и пример за идни вакви настани“’, порача градоначалникот Андонов
Здравје, мир и топлина во сите домови, и многу здравје за Орце посака градоначалникот Андонов кој заедно со многубројните присутни уживаше во новогодишната во содржините на оваа новогодишно хуманитарна приредба.
На следниот линк, https://www.facebook.com/reel/880383507975518 , може да се проследи обраќањето на градоначалникот Андонов.
Новогодишна магија на Новогодишно хуманитарната приредба на ОО „Гоце Делчев“, Василево







