Денес, дечињата од детската градинка „Прва радост“ од Василево со специјално подготвена приредба ја испратија старата и и посака добредојде на Новата 2024 година.
Своите Новогодишни желби, на најубав начин преку песнички, ги упатија до своите најдраги и секако до најомилениот лик во овој предновогодишен период, драгиот Дедо Мраз. Со новогодишна, од нив изработена честитка, Среќна Нова година му посакаа на градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, кој заедно со своите соработници ја проследи новогодишна приредба.
„Многу здравје, среќни и весели празнични денови исполнети со безгрижни детски игри и убави моменти со најблиските. Во Новата година да ви се исполнат сите желби, нека ви е среќна и весела Новата 2024 година“, им посака градоначалникот Андонов на дечињата од градинката.





