Градоначалникот на општина Василево, Марјан Јанев по повод Новогодишно-Божиќните празници упати честитка до своите сограѓани.
Почирувани сограѓани!
Уште една година е зад нас. Година на предизвици, година на стварање, година на исполнување на дадените ветувања, година на исполнување на Вашите барања и очекувања.
Ја испраќаме Старата со добра мисла и многу планови и идеи за наредната.
Наша обврска е да го задржиме континуитетот во развојот на општина Василево; постојано да работиме на стварање нови содржини, услуги и вредности кои со кои ќе го подобриме стандардот на секојдневното живеење. Да изградиме нови улици и патишта, тротоари, канализации; Да ги исчистиме дивите депонии; Да ги осветлиме неосветлените улички; Да изградиме нова детска градинка; детски игралишта и паркови; нови спортски терени………..и уште многу други мали и големи проекти во сите населени места кои ќе го направат животот поубав на сите граѓани на општина Василево. Заедно да направиме времето кое доаѓа да биде време на нов раст и развој на општина Василево.
Со позитивна енергија и оптимизам да зачекориме во Новата 2019-та. Со волја и упорност, сплотени, со заеднички сили да продолжиме во менувањето на ликот на нашата општина.
Да бидеме сите здрави и живи, среќни и весели, и во хармонија и слога да ги поминеме празниците што идат.
Ви посакувам среќна и бериќетна Новата 2019 година и весели Божиќни празници .
Со почит, Ваш Градоначалник
Марјан Јанев





