Вчера, во организација на општина Василево, со полагање свежо цвеќе пред спомен-плочата кај Радичево, беше одбележан 19-ти јули, историски настан од времето на Втората светска војна.
Пред спомен плочата се поклонија делегации од општина Василево, Сојузот на борците од Струмица и Сојузот на борците од Радовиш, а за настанот беше прочитан реферат.
Градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, кој ја предводеше делегацијата на општина Василево, информацијата за настанот ја сподели и преку својот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24. „Одбележан 19-ти јули, настан од поблиската историја во нашата општина. Денес, во организација на општина Василево и во соработка со општинските одбори на Сојузот на борците од Струмица и Радовиш, со полагање свежо цвеќе пред спомен плочата која се наоѓа на влезот во населеното место Радичево, беше одбележана 83-та годишнина од средбата меѓу младите од Струмица и Радовиш која се случила на денешен ден во 1941-ва година а на која биле поставени основите на нивната идна заедничката револуционерна соработка. За настанот беше прочитан реферат, по што делегации од општина Василево и општинските одбори на Сојузот на борците од Струмица и Радовиш, во знак на почит кон учесниците во средбата положија свежо цвеќе пред спомен плочата кој сведочи за настанот“, напиша по тој повод градоначалникот Андонов.





