Локалната самоуправа Василево во соработка со Здружението за култура Култ транзен од Струмица ја одржа втората работилница во рамки на проектот „Ревитализација на руралните средини преку уметност и култура“, чиј краен продукт ќе биде изработка на Стратегија за развој на културата во општина Василево.
По презентацијата на вредностите на општина Василево, учесниците во работилницата работеа на дефинирање на приоритетните области и креирање на визијата во секторот култура, како неопходни чекори за да се дојде до подобар развој на културата и уметноста во општина Василево.
Третата од вкупно петте планирани работилници ќе се одржи во средината на наредниот месец.
Овој проект финансиски е поддржан од програмата Цивика Мобилитас – програма на Швајцарската агенција за развој и соработка.
Имплементатор на проектот е Здружението за култура Култ-транзен од Струмица.





