Вчера, дечињата од градинката „Прва радост“ во Василево, одржаа приредба.
Дечињата од големата група, кои за една недела ќе седнат во училишните клупи, со песнички се збогуваа од градинката и од нивните помали другарчиња. Во исто време упатија покана за добредојде до сите оние дечиња кои се на возраст за во градинка а сеуште не и се придружиле. Пред почетокот на приредбата присутните родители ги поздрави директорката на градинката, г-ѓа Даниела Трајковска.





