Советот на општина Василево на денешната 20-та седница ги усвои завршните сметки за 2018 година на Буџетот на општина Василево, на основните општински училишта „Гоце Делчев“, Василево и „Атанас Нивичански“, Нова Маала, на детската градинка „Прва радост“ и јавното претпријатие за комунални дејности „Турија“ од Василево.
Согласност добија и Одлуката на УО на ЈПКД „Турија“ Василево за распоредување на добивката остварена по годишната сметка и финансискиот извештај за 2018 година како и Годишниот план за вработување за 2019 година на ова претпријатие.
Советниците ги прифатија и предложените измени во составот на Комисијат за еднакви можности иКомисијата за земјоделие и заштита на животната средина, во кои дојде до промена на местата на советниците Христина Гошева и Илми Мустафов. Од Комисијата за еднакви можности разрешен е Илми Мустафов а на негово место именувана е Христина Гошева, додека во Комисијата за земјоделие и заштита на животните и растенијата на местото на разрешената Христина Гошева именуван е Илми Мустафов.
Советниците ги утврдија и местата на кои организаторите на изборната кампања на престојните претседателски избори ќе можат да истакнуваат изборни плакати.
Од предложениот дневен ред изземено беше Барањето за добивање на финансиски и материјални средства поднесено од МПЦ – Охридска Архиепископија, Струмичка епархија – Парохија Василевска, со образложение дека поради престојните избори општината законски не е во можност да одобрува финансиски средства.





