ОК Сушево од Сушево се враќа во Првата одбојкарска лига

Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, со информација, преку својот ФБ профил го најави враќањето на ОК Сушево од Сушево во Првата одбојкарска лига.

„Го најавуваме враќањето на ОК Сушево од Сушево во Првата одбојкарска лига, во друштво на најдобрите, онаму каде што според квалитетот и целокупниот потенцијал што го поседува, вистински припаѓа. Недвосмислено, неговото место е во Првата лига.

Ова беше мое предизборно ветување кое и покрај тешката финансиска состојба во која се наоѓа општина Василево, успеав да го реализрам“, напиша на www.facebook.com/vasilevo24

Градоначалникот Андонов.

Враќањето на ОК Сушево во Првата лига е со финансиска поддршка на општината, односно Советот, кој на Седница, донесе одлука за финансиска поддршка со што го обезбеди неговото враќање во  Првата одбојкарска лига.

„Тие се нашите амбасадори, репрезенти на најдоброто од општина Василево, нашата гордост, традиција и расадник на таленти со кои особено се гордееме и како општина и граѓани на општина Василево, допрва ќе се радуваме на нивните резултати и победи.

Вложувањето во спортот како сегмент од секојдневното живеење и особено битен дел во формирањео и градењето на младите личности како здрави граѓани е една од моите определби, од кои и во услови на финансиска криза каква што е моменталната, не се откажувам“, напиша  градоначалникот Андонов, кој чинот на враќањето на ОК Сушево на натпреварувачката сцена, го најави со прес конференција од својот кабинет, заедно со раководството и играчите од клубот, на кои им подари и дресови.

За крај Андонов порачува за да се дојде до посакуваните резултати,  секој инволвиран да го даде максимумот: „Сакам да нагласам дека задоволството од ваквиот чин, враќањето во Првата одбојкарска лига е заедничко, на сите нас граѓаните на општина Василево, кои сигурен сум многу брзо ќе се гордеат со резултатите на овие момци, кои ќе не направат горди и радосни. Затоа, секој инволвиран нека го даде максимумот, за да и радоста биде максимална. Нека е со среќа враќањето во Првата лига, да се радуваме на резултатите, да славиме за победите“,

1 3

 

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail