ООУ„Гоце Делчев“,Василево го одбележа патрониот празник

Денес, ООУ„Гоце Делчев“, Василево, на свечен начин, во Домот на културата во Василево, го одбележа својот патрон празник.
Со специјално подготвена програма од музички, драмски и литературни творби, учениците му оддадоа почит на револуционерот Делчев.
За ликот и делото на Гоце Делчев, во своето поздравно обраќање пред присутните се осврна директорот на училиштето  Дејан Стојанов.
Присутните ги поздрави и градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, кој меѓу другото рече: „Неговата мисла дека светот е поле за културен напредок меѓу народите, актуелна денес  исто колку и  тогаш, треба и ќе остане наша водилка во надминувањето на сите мали и поголеми пречки со кои се соочуваме на патот во креирањето на подобри услови за сите а пред се за вас учениците – нашата надеж, нашата иднина и гаранција за подобро утре. Да го чуваме споменот за Делчев и како негови наследници да го продолжиме неговото дело“, им порача  градоначалникот Андонов на учениците и вработените во училиштето.

DSC_0741_1024x681 DSC_0743_1024x681 DSC_0745_1024x681 DSC_0764_1024x681 DSC_0768_1024x681 DSC_0790_1024x681 DSC_0792_1024x681 DSC_0795_1024x681 DSC_0796_1024x681

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail