ООУ „Гоце Делчев“, Василево го одбележа својот патрон празник

Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, денес по повод свечениот настан за одбележувањето на патрониот празник на ООУ „Гоце Делчев“, Василево, положи свежо цвеќе и се поклони пред бистата на патронот на училиштето – војводата Гоце Делчев.
Во своето пригодно обраќање, честитајќи им го празникот на учениците им порача дека нивната моќ е во знаењето, во она што ќе го понесат со себе од училишните денови и на тој начин вооружени со нови знаења ќе можат да чекорат кон иднина каква што посакуваат. Но на тој пат не треба да го заборават минатото и своите корени од кои треба да ја црпат енергијата која ќе ги води напред.
„За сите Вас имам една порака: моќта е во знаењето.  Затоа иднината кон која чекорите, може да ви биде убава ако сте вооружени со знаења, напредни идеи и  амбиција и ако се трудите секој нареден ден да бидете поуспешни од претходниот.  Токму онака како што порачувал и Вашиот патрон, големиот Гоце Делчев. Единствено така, со силата на знаењето и моќта на мудроста, свртени кон иднината, но не заборавајќи го минатото од кое црпиме сила и енергија, можеме да чекориме напред“, им порача Андонов.
Желби за успех, развој и резултати достојни на името и делото на великанот Делчев, патронот на училиштето, во своето обраќање упати и директорот на училиштето Виктор Христов.
За културно забавниот дел се погрижија учениците кои изведоа богата културно – уметничка програма со музички, рецитаторски и драмски точки,  оддавајќи му на тој начин почит на нивниот патрон Гоце Делчев.

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail