Општина Василево асфалтираше улица во с. Дукатино

Општина Василево продолжува континуирано со реализација на планираните активности во делот на изградбата на локалната патна инфраструктура. Деновиве заврши асфалтирањето на една од улиците во населeноto место Дукатино, планирани со годинешната Програма за изградба реkонструкција и одржување на локални патишта и улици.
Информацијата за финализарињето на овој проект, преку својот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24, ја сподели Градоначалникот на општина Василево Славе Андонов.  „Нов ден и нова асфалтирана улица во Дукатино. Конечно после долги години  очекувања на граѓаните се асфалтира оваа улица. Ова е улица во Дукатино која за прв пат добива асфалт. Во наредниот период,ќе се асфалтираат улици во сите населени места во општина Василево. Градоначалникот Андонов го најави скорешното асфалтирање на улицата во с. Василево која води од Домот на културата кон компанијата  11 Септември.  „Во наредниот период, ќе се асфалтира улицата од Културниот дом во Василево кон 11 Септември! Граѓаните се оние кои ни ја дадоа довербата која планирам во целост да ја оправдам и да работам во нивен интерес“, нагласи  Андонов.

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail