Општина Василево асфалтираше улица во с. Пиперево

Во населеното место Пиперево,  вчера со асфалтирањето комплетно беше завршена изградбата на една од селските улици, планирана со Програмата за изградба, реконструкција и уредување на локални патишта и улици во 2025 година. Согласно техничката документација и Договорот со компанијата изведувач, улицата е со должина од 242 метри, ширина од 3(три) метри, односно вкупната асфалтрана површина изнесува 726 м2. Пред асфалтирањето поставена e фекална канализација. Средствата кои согласно Договорот изнесуваат 1 310 646 денари се обезбедени од сопствените извори на приходи на општина Василево.
Фотографии од финалните активности на улицата сподели градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, кој вчера беша на трасата каде заедно со претседателот на Советот Миле Митевски и некои од советниците направија увид во тековните активности. Градоначалникот Андонов сподели и информација со детали за улицата: „По долги години, конечно е асфалтирана улицата кај Ване Цветков во Пиперево.  Пиперево деновиве има двојна причина за гордост — доби свој претседател на Советот, но и реализација на овој значаен инфраструктурен проект. На оваа улица претходно се постави фекална канализација. Ова е уште еден доказ дека кога се работи посветено, резултатите се видливи. Продолжуваме со работа, чекор по чекор, за подобри услови за сите жители на Општина Василево“, стои во неговата ФБ објава, https://www.facebook.com/vasilevo24.

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail