Општина Василево оваа година се приклучи на најголемата еколошка акција во Република Македонија “Генералка викенд 2025”. Вработените во локалната самоуправа, заедно со вработените во училиштата и учениците ги чистеа јавните површини низ населените места на општината. Во акцијата се вклучи и градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, кој задовослтвото од вклученоста во акцијата и постигнатите резултати го сподели преку својот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24.
„Вршевме чистење на повеќе јавни површини во неколку населени места во општината.
Им благодарам на вработените во општината, учениците и наставниците од двете општински училишта и градинката, кои земаа активно учество во реализацијата на акцијата.
Остануваме партнер на сите општествено одговорни организации“, стои во ФБ објавата на градоначалникот Андонов.





