Општина Василево ги исплати субвенциите на своите сограѓани кои имаа поднесено барања и доставено комплетна документација во врска со објавени јавни повици за: новороденче, купување велосипед и прваче во тековната 2025 година.
„Субвенциите по сите основи се исплатени на сметките на граѓаните на Општина Василево! Ги потпишав Решенијата за исплата на субвенции за: нашите првачиња; набавка на велосипеди; новороденчиња. Парите во буџетот на Општина Василево се пари на граѓаните – и затоа се враќаат повторно кај вас. Поддршката, животниот стандард и достоинството на секој еден граѓанин се нашиот врвен приоритет. Од првиот ден ветив дека Општина Василево ќе стане место каде младите ја гледаат својата иднина. Од презадолжена општина, со многу труд, посветеност и чесно работење, успеавме за прв пат да исплаќаме субвенции по повеќе основи и да вложуваме таму каде што најмногу треба“, стои во ФБ објавата на градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, https://www.facebook.com/vasilevo24, по потпишувањето на документите и исплатата на граѓаните.
Во текот на 2025 година општина Василево објави три посебни јавни повици за доделувањње еднократна парична помош.
Јавен повик за субвенционирање за купување на нов велосипед со субвенционирање до 50% од цената на велосипедот но не повеќе од 6000 денари. Јавен повик за новороденче родено во 2025 година во висина од 5000 денари и Јавен повик за еднократна парична помош за семејства кои во учебната 2025/2026 година имаат запишано ученик во прво одделение во висина од 2 500 денари.
Сите јавни повици се однесуваа за жителите на општина Василево.