Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, првиот работен ден од годината го започна на терен, каде изврши увид во активностите на насипување и тампонирање на улици кои општина Василево ги реализира во соработка со ЈПКД „Турија“ .
Вкупно 160 м3 чакал се посипани и тампонирани на неколку улици во населеното место Василево и еден полски пат во Градашорци.
„Активностите во патната инфраструктура не губат од својата актуелност. Вложувањата во оваа сфера значат поквалитетни услови за нашите сограѓани, па затоа општината постојано во рамки на своите можности и потребите на граѓаните интервенира онаму каде што е најпотребно. Со тампонот што сега го ставаме целосно ја подобруваме состојбата на овие улици“, изјави градоначалникот на општина Василево Славе Андонов.





