Вчера, со свечена академија, во големната сала на Домот на културата во с. Василево, општина Василево го одбележа својот празник, денот на основањето на општината , 16-ти Декември.
За свечениот дел од програмата се погрижија учениците од ООУ „Гоце Делчев“, од Василевоо членовите на КУД „Сушевски бисери“, од Сушево, кои со своите музички и фолклорни изведби го збогатија овој, за граѓаните на општина Всилево, посебен ден.
Свое обраќање на одбележувањето имаа претседателот на општинскиот Совет Ристо Делијанов и градоначалникот на општината Славе Андонов.„Дваесет и осум години, се доволно долг временски период, за да бидат видливи промените преку кои од година во година, се менуваше ликот на населените места, инфраструктурно се развиваа и подобруваа условите, во кои се одвива секојдневниот живот на граѓаните. Секое вложување денес е капитал кој веќе утре ќе даде резултати. Затоа одлучно и мудро; со визија и желба за подобро и повеќе; во престојниот период, ќе се вложам максимално а за резултатите ќе сведочиме сите заедно“, рече меѓу другото градоначалникот Андонов, кој споделувајќи ги заслугите за досегашниот развој на општината со своите претходници им се заблагодари за нивниот придонес во општинскиот развој и достигнувања. „Како актуелен градоначалник, кој ја има честа и можноста своите идеи да ги преточи во реалност и да даде свој придонес во општинскиот развој, на сите моите претходници, колеги градоначалници, членови на општинските совети и пред се на граѓаните им благодарам за нивниот придонес во општинскиот развој, кој недвосмислено го продолжувам. Само така, единствени по прашањето за иднината на нашата општина, ќе одиме напред, ќе се развиваме и ќе останеме посакуваното место за живеење за сите сегашни и идни наши генерации“, порача Андонов.
Не криејќи го задоволството од постигнатото, Андонов упати порака, 16-Декември, денот на основањето на општината да биоде и ден на обединување и заедничка соработка за поубава и попросперитетна општина Василево. „Резултатите преточени во дела, нас не разликуваат од останатите. Како градоначалник на нашата општина, не можам да го сокријам своето задоволство од постигнатото. Нека овој ден биде повод за обединување, за соработка и за продолжување на нашата заедничка борба за поубава и просперитетна Општина Василево. Нека ни е честит денешниот ден. Да живее општина Василево,да живее Република Македонија“.
Честитки за досегашниот развој на општината, благодарност до членовите на општинските Совети – актуелни и претходни, и желби за понатамошен успех и просперитет на општината упати и првиот човек на општинскиот совет, Ристо Делијанов.
На свечениот настан, доделени беа Признанија на поединци и институции за добрата соработка, промоцијата, и придонесот во развојот на општина Василево.
На свечената седница присуствуваа дел од поранешни градоначалници и членови на Советите на општина Василево, претставници од општествениот и политичкиот живот во заедницата, директори на јавни претпријатија, установи и институции, претставници на верските заедници и голрем број граѓани и пријатели на општина Василево.





