Со полагање свежо цвеќе пред спомен плочата која се наоѓа на влезот во с. Радичево, денес во организација на општина Василево, беше одбележана 77- годишнината од средбата меѓу Струмичката и Радовишката младина – средба на која биле поставени основите на идното заедничко револуционерно дејствување.
На одбележувањето беше прочитан реферат за текот на настаните и околностите под кои во зачетоците на револуционерното дејствување, во далечната 1941 година била организирана средбата помеѓу младината од двата града, како прв чекор за идни, заеднички активности против окупаторот.
Оддавајќи им почит на тогашните учесници во средбата пред спомен плочата се поклонија делегации од општина Василево, и општинските организации на Сојузот на борците од НОБ на Струмица и Радовиш.