Деновиве, општина Василево гради потпорен ѕид во населеното место Требичино. Со ѕидот се заштитува дел од асфалтниот пат кој води низ селото и истовремено се зголемува безбодноста на корисниците на овој пат. Според градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов, поради специфичноста на теренот, местоположбата во тој дел од патот како и влијанието на временските услови, дошло до напукување на асфалтот и попуштање на подлогата под него поради што ваквата интервенција е неопходна не само поради санација на патот, туку пред се заради безбедноста на оние кои го користат“.
Средствата за оваа активност во висина од околу 110 000 денари се обезбедени од буџетот на општина Василево.
Населеното место требичино е едно од 18-те населени места кои и припаѓаат н аопштина Василево со помалку од десет постојани жители. Но негови постојани пшосетители посебно во потоплите месеци се жителите кои одовде одамна се иселиле и нивните семејства кои најчесто овде доаѓаат за време на празници и викенди каде може непречено да уживаат во природните убавини на ова планинско село.





