Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, денес беше во Градашорци, каде општина Василево, односно градежната компанија ангажирана од општината ги започна активностите за изградба на улица во ова населено место.
„Инфраструктурата како основен фактор за нормално одвивање на секојдневието и нејзино подобрување се наша обврска како локална самоуправа, но и врвен приоритет се додека секоја улица во секое населено место не биде асфалтирана. Само со максимално ангажирање на сите ресурси, можно е постигнување на ваквата цел, е ставот на градоначалникот Андонов.
Улицата е планирана со Програмата за изградба на локални патишта и улици во општина Василево за 2022 година и истата ќе се изведува со бекатон плочки. Согласно проектната документација, должината на оваа улица изнесува 150 метри а ширината е околу 3,5 метри односно вкупната површина на која ќе се постави бекатонот е 570 м2 .
Буџетот во висина од околу 620 000 денари е обезбеден од општинската каса.
Изведувач на градежните работи е компанијата Бони интерградба, со кои, како најповолен понудувач на јавно објавениот повик, општина Василево има потпишано Договор.





