Во рамки на пролетната еко акција, денес екипите на ЈПКД „Турија“’, Василево работеа на пролетно косење на тревата и уредување на просторот на игралиштето во населеното место Ангелци.
„Повеќе денови заедно со ЈПКД „Турија“, на терен спроведуваме вакви и слични активности од областа на комуналната сфера, со кои ја менувамне сликата во нашите населени места и воедно со личен пример покажуваме дека кон околината и животната средина треба да се однесуваме одговорно“, информира градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, кој будно ги следи, а во дел од активностите и лично учествува.
На работната генда на ЈПКД „Турија“ е и каналот во населеното место Добрашинци, од каде со механизација се отстрануваат наносите од кал, тиња и вегетација.
Ваквите активности продолжуваат и во наредниот период. Следна на агендата е „Чисти ридови за сите“, акција во која активно учесто ќе земе и локалната самоуправа а ќе се реализира во недела, на 27.03.2022 година, на просторот кај брана Турија.





