Општина Василево масовно се приклучи на еко акцијата ЗА ЧИСТИ РИДОВИ

Масовно, со преку 100 учесници, општина Василево се приклучи кон еколошката акција ЗА ЧИСТИ РИДОВИ, која се спроведе на просторот околу брана Турија.

„Акцијата е повеќе од успешна и ветуваме дека ќе стане традиционална“, е ставот на градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, кој уште од првиот ден на својот мандат им објави војна на дивите депонии во општина Василево и со личното учество во активностите е пример и мотиватор за останатите граѓани.

Колку за потсетување, за само неколку месеци исчистени се дивите депонии на влезот во населените места Нова Маала, Сушево, Василево, Чанаклија, Радичево и Пиперево; исчистени се атмосферските канали во населените места Градашорци, Седларци, Пиперево, Добрашинци, Ангелци и Радичево; исчистени се главните учлици во Василево и Пиперево; по повод почетокот на пролетта во заедничка  еколошка акција со учество на училиштата, градинката, комуналното претпријатие и членовите на општинскиот совет посадени се околу 300 садници на повеќе локации во повеќе населени места.

„На сите нас е да се грижиме за околината, зашто само заедно може да придонесеме за зачувување и подобрување на животната средина. За поубаво Василево“, апелира  градоначалникот Андонов.

Dejanco

2х 3х 4х 6х

1в 5в 7в

 

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail