Дворот на ПУ „Гоце Делчев“, во с. Ангелци набрзо ќе почне да го менува својот лик. Општина Василево обезбеди средства за негово партерно уредување, кое опфаќа: оградување на училишниот двор, изградба на пешачка патека и паркинг простор, детско игралиште со реквизити за игра и забава на децата, урбана опрема односно клупи за седење и канти за отпадоци, како и уредување на зелени површини со трева и разновидни садници.
Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, споделувајќи ги деталите за овој најнов проект на општина Василево преку својот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24, меѓу другото нагласи дека децата се иднината на секое општество и заслужуваат безбедни и инспиративни простори за игра и развој. „Училишниот двор во Ангелци за жал изминатите години беше целосно запуштен и несоодветно уреден. Обезбедивме средства, преку Министерството за транспорт и врски, за негово целосно уредување. По завршувањето на постапката за избор на изведувач , ќе се започне со реализација на овој проект. Уредувањето на училишниот двор опфаќа: Изградба на детско игралиште со нови модерни содржини; Опрема за вежбање и рекреирање; Нови зелени површини; Нова урбана опрема(клупи и корпи за отпадоци); Изградба на ограден ѕид; Поставување на метална ограда; Изградба на пристапни патеки. Децата се иднината на секое општество. Тие заслужуваат безбедни и инспиративни простори за игра и развој“, Стои во објавата на градоначалникот Андонов.
Вкупниот Буџет за реазлизација на сите планирани активности според предмер пресметката изнесува 4 353 893 денари од кои 2 440 000 денари се обезбедени преку Министерството за транспорт со заемот од Светска банка и 1 913 893 од Буџетот на општина Василево за што Советот на општина Василево навреме има донесено одлука.
Проектот е аплициран и средствата се обезбедени во рамки на проектната активност
за унапредување на локалните услови и услуги во подрачја предложени од страна на заедницата/е која е предвидена во рамки на (ППЛП) Проектот за поврзување на локални патишта.
Активностите на терен ќе започнат по завршувањето на постапката за јавна набавка и избор на изведувач.
Општина Василево обезбеди средства за партерно уредување на училишниот двор во с. Ангелци

