Општина Василево објави тендери за градежни работи во вредност од 650 илјади евра

На официјалниот сајт на Бирото за јавни набавки, општина Василево објави пет  тендери за изведување на градежни работи, чија вкупна проценета вредност изнесува околу 650 000 евра .

Градежните работи ќе се одвиваат на повеќе локации во неколку населени места. Две улици ќе бидат изградени  во населеното место  Добрашинци од кои едната во должина од 420 метри  а другата во должина од 240 метри. Во Василево ќе се реконструира улицата од поштата до црквата чија должина изнесува  216 метри. Ќе биде реконструиран и локалниот пат Ново Владевци – Сушево во должина од 1878 метри,  а локалниот пат Нова Маала –Чанаклија со асфалтирањето на последната делница од околу 2 км ќе биде целосно асфалтиран.  Заинтересираните оператори целокупната тендерска документација можат да ја најдат на официјалната старана на Бирото за јавни набавки на следниве линкови:

https://e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie/a00a01ac-15bd-49a2-a0fb-7a789ac25228/14, Реконструкција и ревитализација на локален пат Ново Владиевци – Сушево клучка со магистралниот пат А4 Струмица – Скопје па се до центарот на село Сушево во должина од 1878 метри;

https://e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie/ca397857-8a22-471e-a6b4-60420fcc9e86/14, Изградба на дел од локален пат Нова Маала – Чанаклија во должина од 2000 метр;

https://e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie/1caa64a4-e2c6-42ce-8f4a-08b1ee7fb4b5/14, Изведување на градежни работи за реконструкција  на улица во с.Василево од пошта до црква во должина од 216 метри;

https://e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie/da80c36e-ff2d-48b7-8d26-92a9e28862e7/14, Изведување на градежни работи за изградба на улица во с. Добрашинци , општина Василево во должина од 420 метри;

https://e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie/1594244a-7073-41d9-856a-b996aa6c5d15/14, Изведување на градежни работи за изградба на улица во с. Добрашинци , општина Василево во должина од 240 метри.

Во моментот активен е и тендерот за геодетско-катастарски услуги на следниот линк:  https://e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie/f0aaab8a-b7a8-4b33-b54f-28f863261e2b/13

Согласно објавените огласи краен рок за доставување на понудите е 06.08.2019 година.

На ова треба да се додаде и фактот дека пред десетина дена  заврши јавната набавка за изградба на вкупно 15 улици и улички во повеќе населени места и тоа  по три во населените места Пиперево и Василево, две во Градашорци, по една во населените места Седларци, Сушево и Ангелци, како и четири  помали во населеното место Висока Маала. Вкупната вредност на оваа набавка, изнесува   околу 120 000 евра, средства обезбедени од општинскиот Буџет.

DSC_0036-1024x681_760x960

„Периодот што е пред нас ќе биде период на интензивни  градежни активности во сферата на локалната патна инфраструктура бидејќи солидната патна инфраструктура е императив за квалитетен живот на граѓаните и  за економски развој на нашите населени места“, изјави градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев во врска со престојните обемни градежни активности  на изградба и реконструкција на локални  патишта и улици. Дел од средствата за престојните градежни активности се сопствени средства од Буџетот на општина Василево а дел се обезбедени преку Програмите  на  Министерставата на Владата на РСМакедонија.

Согласно планирањата најголемиот дел од овие активности треба да бидат готови до крајот на оваа календарска година.

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail