Општина Василево по третпат обезбеди парична помош од 2500 денари за секое прваче

Општина Василево,  годинава како и претходните две години, обезбеди парична помош за прваче запишано во основно училиште на територијата на општина Василево во учебната 2025/2026 година. Висината на паричната помош изнесува 2500 денари. Советниците  во Советот на општина Василево на последната седница  донесоа Правилник во кој се регулирани критериумите, условите и постапката за доделување на оваа парична  помош. Ова право можат да го остварат само физичките лица кои се жители на општина Василево и имаат прваче запишано во основно училиште на територијата на општина Василево во учебната 2025/2026 година. Распределбата на паричните средства ќе бидат врз основа на Јавен повик кој ќе трае до 20.09.2025 година.
Информацијата за оваа најнова Одлука поврзана со помош и поддршка на првачињата, односно нивните родители, преку својот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24,  ја сподели Градоначалникот на општина Василево Славе Андонов: „Се грижиме за младите семејства и преземаме мерки кои ги стимулираат најмладите, мотивирани и подготвени да влезат во новата учебна година. Во екот на енормните поскапувања, кои пак посебно се изразени кај училишниот материјал и за кои секој родител треба да одвои огромна сума на пари, како локална самоуправа одлучивме годинава да му олесниме на нашиот народ и овој за нив најсреќен ден, да остане запаметен како таков. Првиот училишен ден за секое прваче, значи неизмерна радост и возбуда, но исто така и за нивните родители бидејќи нема поголема гордост од нашите деца. Тој мора така да се запамети но не по финасиски грижи. Со домаќинско и одговорно работење се реализираат многу проекти за прв пат во нашата општина. Рокот за пријавување трае до 30 Септември. Со домаќинско и одговорно работење се реализираат многу проекти за прв пат во нашата општина Влогот во најмладите е влог во иднината на Република Македонија“, порача Андонов.

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail