Општина Василево тампонираше полски пат во Пиперево

Пред почетокот на пролетта, а со тоа и на засилените земјоделски активности, општина Василево спроведува активности за подобрување на полските патишта оштетени од временските услови во изминатиот период. Тампониран беше еден од полските патишта во населеното место Пиперево.
Споделувајќи ја информацијата преку својот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов напиша:  Тампониран полски пат во Пиперево . Се решава горлив проблем со патната инфраструктура за земјоделците кои имаат земјоделски површини во овој дел на Пиперево“. Андонов најави вакви активности и во останатите населени места од општината, а за Пиперево реализација на повеќе капитални проекти. „Во наредниот период ќе се тампонираат полски патишта и во други населени места.
Во текот на наредниот период во Пиперево, ќе следува голема градежна офанзива, со што ќе се реализираат голем број на капитални проекти“, стои во ФБ објавата на градоначалникот Андонов.
Пред околу една седмица, тампониран беше  полскиот  пат во месноста Трски во Василево.

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail