Општина Василево ја продолжува битката со дивите депонии

Општина Василево во соработка со ЈПКД „Турија“, Василево продолжува со пролетната акција на расчистување на дивите депониии низ населените места. За последната активност, информација преку својот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24, сподели градоначалникот на општина Василево,  Славе Андонов.
„Расчистени се две диви депонии во населеното место Нова Маала.  Во турското маало во Нова Маала; Депонијата во близина на селските гробишта. Од сите нас зависи во каква општина ќе живееме. Свесноста и личната одговорност треба да ни се врвен приоритет. Да градиме одговорна заедница“, стои во ФБ објавата на градоначалникот, преку која упатува и  порака за одговорноста на целокупното население за животната средина и свесноста за нејзиното одржување.

 

 

 

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail