Општина Василево ќе доделува по 5000 денари парична помош за новороденче

„Општина Василево, за прв пат воведува доделување на еднократна парична помош, на семејства со новороденче во 2025 година кои се со живеалиште на подрачјето на општината.  Децата се нашата иднина, иднината на општина Василево. Наша одговорност како функционери и во рамки на можностите е да обезбедеиме поддршка за секое дете. Затоа што секој нов живот заслужува максимална грижа и поддршка. Не смееме да ги напуштиме традиционалните вредности на нашиот народ и држава. Нискиот наталитет ја намалува конкурентноста на една држава. Таму каде што има народ таму ќе дојдат инвестиции и потрошувачка и обратно таму каде што нема народ ќе се намалат инвестициите, потрошувачката и економијата. Ги повикувам сите семејства кои ќе имаат новороденче да аплицираати да ја искористат можноста која за прв пат ја овозможува општина Василево. Свесни сме за предизвиците со кои се соочуваат младите родители денес. Оваа помош е симболичен но важен гест на поддршка и охрабрување“, рече во изјавата за медиумите градоначалникот на општина Василево промовирајќи ја најновата одлука на Советот на опптина Василево која е во функција на заложбите на општина Василлево за создавање подобри услови за живот на младите семејства и одржлив локален развој.
Советот на општина Василево, на последната одржана седница, едногласно го усвои предлогот на Градоначалникот за доделување еднократна парична помош на семејства со новороденче родено во текот на 2025 година, на подрачјето на општина Василево.
Согласно Одлуката средствата ќе бидат обезбедени од Буџетот на општина  Василево а ќе ги доделува Градоначалникот врз основа на приложена документација. Висината на паричната помош ќе изнесува 5000 денари.
Критериумите,  условите   и постапката за доделување на еднократната парична помош се одредени со Правилникот, усвоен на седницата а според кој за да се добие помошта општината дополнително во наредните денови ќе објави Јавен повик.  На јавниот повик ќе можат да се пријават родителите/старателите кои имаат новороденче во текот на целата 2025 година. Барањето за еднократна парична помош ќе треба да биде комплетирано со важечки документи за идентификација на родителите, извод на матична книга за новороденчето, копија од трансакциска сметка на барателот, а за самохрани родители и  копија од извод од матична книга на умрените или копија од правосилна судска пресуда за разведен брак.
На седницата усвоени беа и Измените и дополнувањата на Годишниот план за вработување и  неколку барања за финансиска помош поднесени од правни и физички лица.
Целата изјава на Градоначалникот Андонов,  може да се погледне на следниот линк: https://www.facebook.com/drnka.mk/videos/1269330891538417

 

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail