Општина Василево ќе ја одржи четвртата форумска сесија

Во вторник,  21-ви јануари 2025 година, со почеток во 17,00 часот во просториите на мотелот Мис стон, општина Василево ќе ја одржи четвртата форумска сесија во рамки на проектот „Зајакнување на општинските совети-Фаза 2“.
Општина Василево ги поканува граѓаните кои учествуваа во досегашната работа на форумскиот процес, да го искористат своето демократско право и да го изберат проектот кој ќе биде реализиран.
Граѓаните, учесници во форумот  со гласање ќе одлучат кој од трите предложени проекти ќе биде реализиран со средства од проектниот фонд.
Изборот ќе се направи меѓу „Училишни дворови по мерка на сите“, „Сите ја одржуваме животната средина чиста“ и „Набавка на возило за собирање смет, проекти од  областа на животната средина – тема која учесниците ја избраа како приоретна за општина Василево.
Вкупната вредност за реализација на проектот, обезбедена во рамки на Програмата   изнесува 50 000 американски долари.
На сесијата ќе биде формирана и работна група која ќе ја следи реализацијата на проектот и на последната,  пета сесија  ќе елаборира за истиот.
Програмата „Зајакнување на општинските совети – фаза 2“ ја финансираат Швајцарската влада и Министерството за локална самоуправа, а ја кофинансира и спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во соработка со национални и локални партнери.

 

 

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail