Партерно се уредува центарот во Чифлик маало во с. Градашорци

Во населеното место Градашорци, во тек се градежни активности на партерно уредување на центарот во т.н Чифлик маало каде ќе биде поставена и автобуска постројка.
„Интензивно се работи на партерното уредување на центарот во Чифлик маала во Градошорци. Барање на жителите на Градошорци кое веќе почна да се реализира. Центарот во Чифлик маало ќе добие нови содржини: поплочување на центарот со бекатон плочки; клупи и корпи за отпадоци; чешма за вода за пиење; ќе биде поставена нова постројка. Запуштениот и руиниран центар во Чифлик Маало во Градошорци, ќе стане минато. Граѓаните ќе добијат соодветен простор за одмор и дружење. Уште едено ветување ќе биде реалност! Општина Василево се менува, ветувањата кон граѓаните се реализираат“, напиша на својот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, споделувајќи видео од тековните активности во Градашорци.
Согласно Договорот со изведувачот, на различни позиции и со различни димензии ќе бидат поставени вкупно 575 м2 бекатон  плочки. Ќе биде поставена автобуска постројка и  просторот дополнително оплеменет со новозасадени дрвја, клупи за седење, канти за отпадоци и чешма за вода за пиење.
Буџетот за овој проект, согласно Договорот изнесува  1.113.602 денари, средства обезбедениу од општинската каса.

 

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail