Плакета за градоначалникот Андонов од ОО Црвен крст, Струмица

Синоќа, на свечен настан по повод одбележувањето 80 години постоење на Црвен крст на РСМакедонија, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов доби јубилејна плакета, за која како што кажа ќе биде обврска за во иднина да со уште поголема енергија да да се продолжи во градење на заедница во која никој нема да биде заборавен.
Во своето обраќање пред присутните, Андонов заблагодарувајќи се за укажаната чест да биде дел од одбележувањето, меѓу другото вети продолжувањ, продлабочување и унапредување на соработката на општина Василево со ОО Црвен крст Струмица. Андонов се наврати и на големиот број хуманитарни активности и настани организирани од страна на Црвениот крст во кои општина Василево била активно вклучена.
„Сакам да го истакнам значењето на оваа организација која низ годините покажа дека хуманоста нема граници. Во најтешките мигови за време на природни катастрофи, во моментот на здравствени и социјални кризи, активистите на Црвениот крст се секогаш први на терен. Горд сум што општина Василево има долгогодишна и плодна соработка со Црвениот крст. Овде и вечерва ветувам дека соработката со Црвениот крст ќе продолжи и понатаму и истата ќе биде унапредена. Заедно организиравме голем број на хуманитарни акции, поддржавме семејства со социјален ризик, организиравме крводарителски акции, превентивни здравствени прегледи и т.н. Плакетата што ќе ја добијам како признание но и како обврска за да продолжиме со уште поголема енергија во градењето на заедница во која нема никој да биде заборавен“, стои во видео обраќањето на градоначалникот Андонов, кое е споделено и на неговиот ФБ профил,  https://www.facebook.com/vasilevo24.

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail