Плакета за О.Василево за успешната соработка со Црвен Крст-Струмица

Општина Василево долги години наназад успешно ја негува соработката и партнерскиот однос со Црвен крст. Како партнер и координатор на бројните крводарителски акции и активната вклученост во сите други активности организирани од страна на Црвениот крст, општината и нејзините вработени се позитивен пример за одговорна и хумана заедница.
Општинската организација на Црвен крст Струмица, ваквата посветеност, ангажман и соработка ги награди со Плакета која во исто време е признание но  и стимул за понатамошните активности и уште поголема вклученост за општото добро на заедницата.
„Горди сме што Општина Василево, има долгогодишна и плодна соработка со Црвениот крст.  Плакетата која ја примивме не е само наша заслуга, туку е дело на сите активисти и волонтери кои во изминатите години учествувале во реализација на активностите на Црвениот крст во општина Василево.Ќе останеме ваш партнер во градење на едно похумано и поправедно општество“, напиша во ФБ објавата, https://www.facebook.com/o.vasilevo,  градоначалникот на општина Василево Славе Андонов,  по повод примањето на Плакетата за придонес и развој на крводаритеелството,  доделена од страна на ОО Црвен крст Струмица на манифестацијата по повод одбележувањето на Светскиот ден на крводарителството.

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail