Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, упатува отворена покана до сите свои сограѓани за активно учество во планирањето и креирањето на Буџетот за наредната 2024 година
За таа цел, општината преку својата официјална веб страна, на граѓаните им става на располагање и посебна алатка во електронска форма, https://opstinavasilevo.gov.mk/?page_id=12151 , преку која најдиректно, од удобноста на својот дом, ќе можат да ги образложат своите идеи и истите да ги испратат до општината. Истото можат да го направат и во писмена форма преку архивата на општина Василево.
Крајниот рок за доставување на идеи и предлози за креирање на Буџетот за 2024 година е 13.11.2023 година.
Во периодот што следува, со истата цел-креирање на Буџетот за 2024 година, планирани се и средби на Градоначалникот со граѓаните во населените места на општина Василево, на кои во меѓусебна комуникација ќе имаат можност да разговараат за потребите и да предлагаат идеи за нивна реализација.
Учеството во креирањето на општинскиот Буџет е учество во креирањето на иднината на општина Василево.





