Денес, градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов направи увид во градежните активности на улицата во т.н Ничевска Маала во с. Василево, која е во завршна фаза од изградбата. Тековно се работи на тампонирање на коловозната лента, по што истата ќе се асфалтира. Должината на оваа улица, која фактички е дел од улицата од Црквата Пресвета Богородица до ООУ „Гоце Делчев“, изнесува 300 метри, а ширината е 4 метри плус банкина од едната страна на улицата.
Асфалтирањето на овој дел ќе значи комплетна реализација на проектот Реконструкција на улица во Василево од црква Пресвета Богородица до ООУ„Гоце Делчев“ – проект вреден околу 6,5 милиони денари од кои 2 000 000 денари општината ги обезбеди преку Министерството за локална самоуправа од Бирото за регионален развој, и околу 4,5 милиони денари обезбедени од сопствени извопри на приходи. Вкупната должина на улицата од црквата до училиштето изнесува 720 метри.
Комплетната реализација на овој проект значи подобрување на локалната патна инфраструктура во населеното место Василево како и подобрување на квалитетот на животот на жителите кои секојдневно ја користат оваа улица.
Изведувач на градежните активности е ДГТУ Евроградба Инженеринг ДООЕЛ, с. Владиевци.





