Поделени првите картички за зелена нафта во општина Василево

Од петок, 16.08 2019 година, земјоделците од Струмичкиот регион ќе можат да ги подигнат  картичките за зелена нафта во просториите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство – ПЕ Струмица. Првите картички на земјоделците од општина Василево, им беа поделени ден порано во просториите на општина Василево од страна на  градоначалникот на Општина Василево Марјан Јанев, раководителот на МЗШВ – ПЕ Струмица Васил Коцев и пратеникот во собрание на РСМ Сашко Атанасов.

Корисник на оваа мерка е секој земјоделец кој има пријавено субвенции за градинарски и поледелски култури, овошни и лозови насади за 2018 насади. Со картичките земјоделците добиваат  поевтина нафта или 30 отсто од трошоците за нафта ги покрива државата.  а средствата на картичките земјоделците треба да ги искористат до крајот на април 2020 година. Со овие картички земјоделците ќе можат да точат исклучиво евродизел за земјоделската механизација.

7

5

2

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail