По повод 16 Декември – Денот на општина Василево, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов упатува отворена покана за свеченото одбележување, кое ќе се одржи во вторник 16.12.2025 година, во Домот на културата во Василево со почеток во 13,00 часот.
На свеченоста свои обраќања ќе имаат претседателот на Советот на општина Василево, Миле Митевски и градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов.
Одбележувањето ќе биде збогатено со богата културно уметничка програма, а ќе бидат доделени и награди и признанија на поединци и институции за нивните посебни достигнувања и резултати важни за развојот и промоцијата на општина Василево.
Покана за Ден на општина Василево
