Денес, локалната самоуправа од Василево достави помош на семејството Ристови од с. Дукатино, чија куќа целосно беше уништена во пожарот што ја зафати во саботата вечер.
Како што вети градоначалникот на општина Василево, Марјан Јанев, кој непосредно по несреќата го посети семејството Ристови, општината денес им достави пакети со прехранбени продукти и хигиенски средства неопходни за семејството во овие тешки моменти.
Дополнително, општина Василево на семејството Ристови ќе му помогне и финансиски. „На наредната седница заедно со Советот на општина Василево ќе донесеме одлука со која ќе му доделиме финансиска помош на ова семејство и на тој начин ќе им помогнеме во овие исклучително тешки моменти“, изјави градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев.





