Денес, на вонредна седница, Советот на општина Василево донесе одлука за доделување финансиска помош во висина од 100 000 денари за настраданите од невремето што го погоди Скопје и околината на 06 август.
„Сочувствуваме со граѓаните кои беа погодени од невремето и како општина доделувајќи ги овие финансиски средства сакаме да ја изразиме нашата хуманост и солидарност и да им помогнеме на граѓаните кои беа погодени од страшната природна катастрофа, рече градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов како предлагач на одлуката.
Стојанов воедно упати апел до граѓаните на општина Василево доколку се во можност да ја покажат својата хуманост на дело и со сопствени донации да им помогнат на настраданите.





