Општина Василево заврши со поставувањето на заштитната ограда на повеќенаменското игралиште во населеното место Чанаклија, со што овој спортски простор, комплетно е завршен.
Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, информацијата дополнета со фотографии ја сподели на својот ФБ профил.
„Постевена е заштитна ограда, на повеќенаменското игралиште во Чанаклија. Чанаклија за прв пат доби повеќенаменско игралиште во мојот мандат како Градоначалник. Некои само зборуваа, ние реализиравме дела“, стои во објавата на градоначалникот Андонов, дополнета со фотографии од фактичката состојба.
Според техничката документација која е составеен дел на тендерската документација, должината на оградата изнесува 24 метри и по нејзината должина поставени се 6 (шест) столбови односно канделабри со лед светилки со што се створени услови и за ноќно спортување. Средствата за оваа активност општината ги обезбеди од сопствените извори на приходи.
Ова игралиште беше изградено и пуштено во употреба пред околу една година, https://opstinavasilevo.gov.mk/%d0%bf%d1%83%d1%88%d1%82%d0%b5%d0%bd%d0%be-%d0%b2%d0%be-%d1%83%d0%bf%d0%be%d1%82%d1%80%d0%b5%d0%b1%d0%b0-%d0%b8%d0%b3%d1%80%d0%b0%d0%bb%d0%b8%d1%88%d1%82%d0%b5%d1%82%d0%be-%d0%b2%d0%be-%d1%81-%d1%87/ и одтогаш активно се користи од жителите на Чанаклија.
Поставена заштитна ограда на повеќенаменското игралиште во с. Чанаклија


