По втор пат Меморијален турнир во мал фудбал, Трајчо Петров-2025 година

По повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица, а во чест и спомен на спортскиот работник Трајчо Петров од Василево, и годинава ќе се организира турнир во мал фудбал. Фудбалскиот терен во Василево ќе биде местото каде учесниците преку спортска игра ќе му искажат почит на овој спортски работник кој ќе остане инспирација за следните генерации спортисти од Василево.
„Општина Василево го слави и почитува делото на Трајчо Петров . Во негова чест организираме по втор пат турнир во мал фудбал пред големиот празник Успение на Пресвета Богородица, на фудбалскиот терен во Василево. Со својот придонес на теренот како играч, тренер и воопшто спортски работник, тој останува вечна инспирација за сите нови генерации и со право може да се вброи во групата на големи фудбалски легенди не само во Василево туку и во Македонија. Фудбалските легенди се оние кои поставуваат нови стандарди, оставаат трајни наследства и незаборавни моменти во фудбалската историја..  Се радувам што славејќи го и почитувајќи го ова легендарно име создаваме една нова приказна која се надевам дека ќе прерасне во една убава традиција и дека ќе биде од големо значење за развојот и унапредувањето на фудбалот на локално и национално ниво. „На големите луѓе е непотребно да им се подигаат споменици: нивните дела се нивните споменици”, стои во ФБ објавата,   https://www.facebook.com/vasilevo24, на градоначалникот на општина Василево Славе Андонов со која го најавува престојниот турнир.
Турнирот ќе биде финансиски поддржан од општина Василево.

 

 

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail